Home » Активности » Успешно реализирана UpShift активност!

Успешно реализирана UpShift активност!

Во изминатите два месеца учениците од нашето училиште – членови на UpShift клубот работеа на свои идејни решенија за подобрување на животната средина и заштеда на енергија.

На ден 2.12.2025 се одржа онлајн напревар на кој учествуваа нашите членови групирани во 5 тима. Сите имаа одлични решенија и презентации , но победник е само еден тим. Според жири комисијата (составена од надворешни членови) најдобар проект имаше тимот „Планета Земја“ во состав: Андреј Јаковски, Матеј Глигориjевски, Павел Божиновски, Кристијан Николовски и Јован Стојановски. Тие се претставија со решение за зачувување на хигиената во парковите и други зелени површини користејќи роботски системи за детекција на отпад, собирање на отпад и паметна канта за складирање на истиот. Како награда за сето ова тимот ќе добие парични средства за реализација на проектот во износ од 54.000 ден и учество на Саемот за социјални иновации кој ќе се одржи во хотел „Сириус“ во Струмица во периодот од 17 до 19 декември. Благодарност до предметните наставници за поддршката и соработката во текот на целиот процес.