Home » Активности » Ја започнуваме 2026 година со успеси на учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“

Ја започнуваме 2026 година со успеси на учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“

На 8 јануари во просториите на Занаетчискиот дом се оддржа завршната културно-уметничка манифестација од настанот „Бадникови поворки“. Оваа година, Друштвото на писатели – Куманово издаде аудио книга насловена „Божиќен стихозбир“.
Во склоп на аудио книгата се читаа наградени творби од литературниот конкурс организиран од Друштвото на писатели.
Нашата ученичка Дарија Трендафиловска од III-9 ја доби наградата за најпоема за нејзината творба „Витлеемски ѕвезди“, под менторство на професорката Лидија Цветкова.
Во изработка на аудио книгата учествуваа учениците Андријана Јакимовски, Меланија Лазаревска, Теодора Николовска, Петар Димитријевски и Матеј Абдулкарим, кои работеа под менторство на професорките по македонски јазик и литература Лидија Цветкова и Оливера Лазаревска. Учениците добија благодарници за нивниот труд, и со нивната интерпретација на прекрасните Божиќно-Новогодишни творби, ја збогатија содржината на аудио книгата.
Да ја продолжиме годината како што сме започнале!