Најкраткиот месец во годината носи силна порака. Со своите 28/29 дена, февруари симболично нè потсетува дека и реткото има огромна вредност. Овој месец е посветен на лицата со ретки болести – храбри луѓе кои поминуваат долг и неизвесен пат до дијагноза, понекогаш со години, сè додека не го добијат одговорот што го бараат.
Во рамки на одбележувањето на месецот, во нашето училиште ни гостуваа нашиот поранешен ученик д-р Дарко Каранфиловски и д-р Никола Стефановски. Преку видео презентација и отворена дискусија тие им одржаа предавање на учениците, споделувајќи знаења, искуства и пораки за поддршка и хуманост.
Ретките болести можеби се ретки, но емпатијата, солидарноста и грижата не смеат да бидат. Нашата должност како идни медицински сестри е да бидеме поддршка, разбирање и надеж за секој пациент.
Реткоста инспирира.
Остави траг. 🖐💙





