Home » Активности » Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ,,Заедно сме посилни,,

Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ,,Заедно сме посилни,,

На ден 25.09.2026 година (петок) во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието  беа спроведени активности со посета на Велес.

Во рамки на проектот беа вклучени 24 ученици од различна етничка припадност, 12 ученици од македонска  и 12 ученици од албанска етничка припадност, 4 наставници и 2 стручни соработници од мешан етнички состав  при Општинско средно училиште ,,Наце Буѓони,, Куманово. Од партнер училиште ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски,, Велес исто така учествуваа 24 ученици, 4 наставници и 2 стручни соработници од мешан етнички состав.

Време на тргнување на учениците и наставниците за Велес беше 9: 00 часот.

1

По пристигнувањето во ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски,, и претставување на
раководството, учениците беа поделени во две групи за реализација на две различни
активности. Едната група учествуваше во активност работилница “Природна и здрава
храна”, а втората група во работилница “Јавно говорење и водење дебата”.

Работилница: “Природна и здрава храна”

Работилница: “Природна и здрава храна”

Работилница: “Јавно говорење и дебата”

Работилница: “Јавно говорење и дебата”

Преку презентации подготвени од страна на учениците од двете партнер училишта  се запознавме со процесот на одгледување на здрава храна и важноста од користење на здрави и свежи намирници при готвењето.

Беа прикажени видео записи, истражувања кои учениците ги направиле за храната која ја јаделе нивните предци , производство и подготовка на здрава традиционална храна.

По исцрпните презентации, имавме можност да видиме одблизу сушење на овошје со помош на дехридатор за храна а подоцна и истото да го вкусиме.

Презентација на здрава традиционална храна

Презентација на здрава традиционална храна

5

Подготовка  на овошје и сушење во дехридатор за храна

Подготовка на овошје и сушење во дехридатор за храна

Дехридатор за храна

Дехридатор за храна

Учениците кои беа дел од втората работилница: ,,Јавно говорење и дебата,, во мешан етничкли состав добија инструкции да се поделат во два тима. Секој тим имаше задача да да определи лидер кој ја застапува групата а потоа им беше споделена темата на дебата  “Употреба на масовна култура-Џинс култура”. По завршување на  дебата добија задача  истата да ја претстават на хамер, а подоцна и да ја презентираат. Како краен резултат од спроведената работилница имавме изработени хамери на двата тима, дружење, меѓусебно запознавање на учениците, развивање на толеранција, интеракција, прифаќање и меѓусебно почитување

8 9 10 11

По реализираните активности и предвидениот ручек, учесниците од двете партнер училишта имаа можност за кратка прошетка низ убавините на градот Велес,  каде дружбата, меѓусебното запознавањето и создавање на нови пријателства продолжи и придонесе за подигање на свесноста кај учениците за вредносниот систем како дел од интеркултурализацијата.

12    13

По завршување на активностите и дружбата, во 15:00 часот  се упативме за Куманово.