Home » Articles posted by Davor Jordanovski
Author Archives: Davor Jordanovski
Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ,,Заедно сме посилни,,
На ден 25.09.2026 година (петок) во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието беа спроведени активности со посета на Велес.
Во рамки на проектот беа вклучени 24 ученици од различна етничка припадност, 12 ученици од македонска и 12 ученици од албанска етничка припадност, 4 наставници и 2 стручни соработници од мешан етнички состав при Општинско средно училиште ,,Наце Буѓони,, Куманово. Од партнер училиште ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски,, Велес исто така учествуваа 24 ученици, 4 наставници и 2 стручни соработници од мешан етнички состав.
Време на тргнување на учениците и наставниците за Велес беше 9: 00 часот.
По пристигнувањето во ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски,, и претставување на
раководството, учениците беа поделени во две групи за реализација на две различни
активности. Едната група учествуваше во активност работилница “Природна и здрава
храна”, а втората група во работилница “Јавно говорење и водење дебата”.






