По повод Денот на толеранцијата, во нашето училиште беше реализирана работилница на тема „Говор на омраза и дискриминација кај младите“, со Училишен правобранител и членови на Училишниот совет од македонските и албанските паралелки. Преку интерактивни активности и дискусија, учениците размислуваа за значењето на толеранцијата, меѓусебното почитување, прифаќањето на различностите и препознавањето на говорот на омраза и дискриминацијата.
Затоа што различностите нè збогатуваат, а почитувањето нè обединува! Да градиме училиште во кое секој е прифатен, почитуван и еднакво важен!
#ДенНаТолеранцијата #Толеранција #Почитување #ПрифаќањеНаРазличностите #СтопЗаГоворотНаОмраза #БезДискриминација #УчилишенПравобранител
Home » Активности » 🌍 16 Ноември – Меѓународен ден на толеранцијата 💙










