Home » Активности » 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот

14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот

🌍По повод 14 ноември,Светскиот ден на дијабетесот, нашите ученици од здравствената струка – идни медицински сестри од ОСТУ „Наце Буѓони“, зедоа активно учество во хуманитарните и едукативните активности кои се одржаа на 12 ноември (четврток), во соработка со Здружението на дијабетичари – Куманово. ​📌 Нашите вредни ученици од здравствената струка беа во Соколанскиот парк и професионално се вклучија во мерењето на шеќерот во крвта и крвниот притисок, делејќи корисни совети за здрави навики и превенција со граѓаните. ​📌 Учениците зедоа учество и на стручните едукативни работилници во Комитет  каде ги следеа предавањата на: • ​Д-р Катерина Адамова (специјалист ендокринолог од Клиниката за ендокринологија) на тема: „Превенција, состојби и современ третман на дијабетесот“. • ​Д-р Зорица Медарова Стојковска (од Диаверум) на тема: „Компликации од дијабетесот и дијабетично стопало“. • ​За време на настанот, учениците дадоа свој придонес и во реализацијата на бесплатното мерење на гликемија за присутните. ните. ​💡 Информираноста и грижата можат да направат разлика! ​Горди на нашите ученици кои со својата стручност, емпатија и посветеност достојно ја претставуваат здравствената струка и ја покажуваат хуманоста на дело! 🩺💙 #иученистручен #најдобриидевутехничку

photo_10 photo_9 photo_8 photo_7 photo_6