Home » Активности » Неделата на старите лица

Неделата на старите лица

Кога знаењето од училницата се претвора во вистинска грижа, почит и човечност! 🩺👵👴

​По повод одбележувањето на Неделата на старите лица, учениците од здравствената струка (образовен профил медицинска сестра) кои редовно реализираат учење преку работа и практична настава во Дом за стари лица „Зафир Сајто“, поминаа исполнети и топли моменти со корисниците на домот. ​Низ непосреден разговор, мерење на витални параметри и многу насмевки, нашите идни медицински сестри ја покажаа својата стручна подготвеност, трпение и емпатија кон лицата од третото доба.

Оваа посета уште еднаш потврди дека медицинската професија не е само вештина, туку пред сè подадена рака и големо срце. Оваа активност е само уште една потврда за нашата долгогодишна и успешна соработка, официјализирана и преку Меморандумот за соработка помеѓу ОСТУ „Наце Буѓони“ и Дом за стари лица „Зафир Сајто“. Голема благодарност до целиот тим на домот за несебичната поддршка и заедничкиот придонес во градењето квалитетен и хуман здравствен кадар!

photo_23 photo_12 photo_11 photo_14 photo_13 photo_16 photo_15 photo_18 photo_17 photo_20 photo_19 photo_21 photo_22