Home » Почетна (Page 29)
Почетна
Наце Буѓони по 7ми пат на фестивалот во Ниш ,,Наук није баук”-11
Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово земаа учество на фестивалот ,,Наук није баук” кој по единаесети пат, се одржа на Електронскиот факулет ,,Никола Тесла” во Ниш, Србија на 24 и 25 Мај.
Во рамките на Проектот МИО реализирана уште една активност со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес
Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“- Куманово во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“- Велес успешно реализираше уште една од многубројните активности кои се реализираат шеста учебна година по ред. (more…)
Одбележeн ,,Интернационалниот ден на сестринството”
По повод Интернационалниот ден на сестринството, учениците од ОСТУ,,Наце Буѓони” од здравствена струка заедно со професорките по практична настава присуствуваа на манифестацијата организирана од Здружението на медицинските сестри и акушерки. (more…)
Ученици од “Наце Буѓони” во посета на едукативниот “Изложбен центар Матка”
На 24.04.2019г. учениците од нашето училиште од III – та година во образовниот профил електротехничар – енергетичар беа во посета на “Изложбениот центар Матка” кој е во сопственост на компанијата “ ЕВН – Македонија”.
Распоред за полагање на вонредни испити во мајска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2019/20
Конкурсот за упис во новата учебна година 2018/19 можете да го погледнете тука.
,,Наце Буѓони” и оваа година ги собра медалите на 55-тиот ,,Државен натпревар на младите истражувачи”
На 13 април 2019 година ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” учествуваа на 55-тиот ,,Државен натпревар на младите истражувачи” од Република Северна Македонија кој се одржа во СОУ „Перо Наков„ – Куманово.
Ученици кои земаа учество и награди се: (more…)
Ученици од ,,Наце Буѓони” го одбележаа ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО со посета на домот за стари лица
Денот на здравјето, 7 Април, учениците од здравствената струка во нашето училиште традиционално го одбележаа со посета на Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” со презентација на презентации направени од учениците од четврта година и мерење на крвен притисок. Учениците беа под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ, Мартина Богатиновска и Катерина Арсовска Димиќ. (more…)
Распоред за полагање на вонредни испити во априлска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
Ученик од Наце Буѓони дел од најдобрите 5 тима на Robomac Junior
Во склоп на овогодишниот натпревар RoboMac кој се одржува по 10-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје за првпат се одржа и натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 40 ученици од средните училишта од нашата држава.
На натпреварот кој траеше од 20 до 22 март учество зема и ученик од нашето училиште, Кирил Мишевски, кој е ученик во четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Тимот на нашиот ученик успеа да се пласира во првите 5 најдобри тима на натпреварот. (more…)