Home » Uncategorized » МАКИНОВА 2019

МАКИНОВА 2019

76934893_555525931685906_9140396666015186944_n

Во период од  8-10.11.2019 година по повод Светскиот ден на науката по 40ти пат се одржа изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2019 и по 17ти пат ЕКОНОВА, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски.

На оваа изложба за иновации учествуваа ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” и освоија медали за своите трудови, а имаа чест да се претстават и пред претседателот Пендаровски.

Ученичката Гала Арсовска од насоката медицинска сестра, со ментор Славица Караникиќ, освои сребрен медал на Еконова.

Ученичката Марта Стефановска од насоката медицинска сестра, со ментор Магдалена Трајановиќ, освои пофалница за учество.

Ученичките  Мартина Димитриевиќ, Теодора Атанасовска и Јована Даштевска од насоката медицинска сестра, со ментор Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, освоија пофалница за учество.

Ученичката Калиопи Николова од насоката медицинска сестра, со ментор Славица Караникиќ, освои пофалница за учество.

Ученикот Стефан Николиќ од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со ментор Биљана Кушински, освои пофалница за учество.

Настанот се одржа во Музеј на град Скопје, во организација на Народна техника на Македонија и СПАТУМ, а подржано од Министерството за образование и наука, Град Скопје, Министерство за економија, Министерство за екологија и Заводот за индустриска сопственост. Учество земаа 112 учесници од кои 38 од други држави и 78 од Република Северна Македонија.