Home » Uncategorized (Page 18)
Uncategorized
СООПШТЕНИЕ за второ пријавување за уписите во прва година во учебната 2020/2021 година
Запишувањето во прва година во второто пријавување во првиот уписен рок во учебната 2020/2021 ќе се реализира во термините 24 јуни од 07 часот до 19 часот и на 25 јуни од 07 часот до 13 часот.
Проектот „Сончева инфузија“ на ОСТУ „Наце Буѓони“ – ВТОРОРАНГИРАН ВО ДРЖАВАТА од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и МОН
Голема чест и задоволство ни е што нашиот проект „Сончева инфузија“, на јавниот повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта – „Предизвик за млади истражувачи 3“ на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука (МОН) е награден и избран за финансирање, уште повеќе што истиот го освои второто место во рамките на средните училишта во Република Северна Македонија.
СООПШТЕНИЕ за уписите во прва година во учебната 2020/2021 година
Запишувањето во прва година во учебната 2020/2021 ќе се реализира во термините 16, 17 и 18 јуни од 07 часот до 19 часот, а на 19 јуни од 07 часот до 13 часот.
Известување за учениците кои полагаат завршен испит/државна матура
Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила со примена на Законот на средно образование за време на вонредната состојба, („ Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.116/20), Ве известуваме дека ќе се организира полагање на завршен испит во јунскиот испитен рок, за учениците/лица кои се пријавиле за полагање на завршен испит во рокот утврден во подзаконските акти, а притоа
,,Наце Буѓони” со порака за матурантите 2019/2020
ДРАГИ НАШИ МАТУРАНТИ, УЧЕНИЦИ НА „НАЦЕ БУЃОНИ“,
Ние, вашите наставници во изминатите 4 години, заедно со директорот на училиштето, и сите вработени, со нетрпение, како и вие, го очекувавме денот на големата прослава на вашата зрелост, денот кога заедно требаше да се радуваме на вашите и нашите заеднички победи и успеси, да си честитаме едни на други за сè што постигнавме заеднички, и да ви посакаме успех во сето она што допрва ќе го постигнувате во иднина. (more…)
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ од Државен испитен центар за полагање на матура
Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за средно образование за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/20) ве известуваме дека:
ОСТУ ,,Наце Буѓони” со видео претставување на образовните профили
Ново видео каде се претставени сите струки и образовни профили во нашето училиште и потребните поени за упис. Погледнете!