Home » Uncategorized » Распоред за полагање на вонредни и поправни испити во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија за ученици од завршни години

Распоред за полагање на вонредни и поправни испити во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија за ученици од завршни години

Пријавувањето за полагање на испити (поправни и испит на годината) за редовните ученици од завршните години и вонредни ученици (кои се од IV година  и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити) во АВГУСТОВСКАТА испитна сесија во учебната 2019/2020 година ќе се врши на 05.08.2020 година по електронски пат.

Учениците  на македонски наставен јазик се пријавуваат  на меилот на [email protected] ,  а учениците  на албански  наставен јазик  на меилот на [email protected] .

Вонредните ученици треба да достават:

  • пополнета пријава (пријавa ќе ви бидe доставенa во прилог на известувањето)
  • скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите и административна такса.

Редовните ученици треба да достават:

  • пополнета пријава (пријавa ќе ви бидe доставенa во прилог на известувањето)
  • скениран или сликан евидентен лист

За дополнителни информации за пријавување на испитите може да се обратите кај:

 –Магдалена Крстевска- секретар на училиштето 071 393 744

За дополнителни информации за начинот на спроведување на испитот и консултации за наставниот материјал може  да се информирате  кај предметните наставници или кај :

Мирка Додевска – одговорен наставник за вонредни ученици на македонски наставен јазик 071 316 497

Аделина Белули– одговорен наставник за вонредни ученици на албански наставен јазик 078 356 022

Тука може да ја преземете  потребната  пријава.

Распоредот за полагање може да го погледнете тука.