Home » Активности » Tehnoscience » TECHNOSCIENCE 2012

TECHNOSCIENCE 2012

По повод 24-ти мај Св.Кирил и Методиј во нашето училиште за прв пат се одржа настанот Technoscience. Ова е технички саем наменет за осмооделенците од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Осмооделенците и нивните ментори имаа подготвени трудови од повеќе области како што се  биологија, екологија, информатика, програмирање, презентирање во IMPRESS, физика, историја, хемија, географија и атлетика, кои ги презентираа пред соодветна комисија од нашето училиште. На крај беа поделени награди и дипломи за најуспешните.
Сите гости во меѓувреме имаа можност да ги посетат просториите од училиштето и кабинетите, а во училишниот двор беа поставени штандови со изработки на трудови на учениците од ОСТУ  “Наце Буѓони”. Се надеваме дека организирање на ваков технички саем – TECHNOSCIENCE ќе стане традиција на нашето училиште.