На 04.05.2023год. на состанок на Совет на родители во нашето училиште се одржа работилница за родители. Истата започна со едноминутно молчење и оддавање почит на трагично загинатите ученици од основното училиште: “Владислав Рибникар” на Врачар во Белград, а беа разработени темите:
- Потреба од ненасилна комуникација за подобро разбирање и техники на ефикасна комуникација,
- Преиспитување на сопствени предрасуди и нивно влијание на формирање на ставови кај младите,
- Разбирање на емоции и нивно прифаќање,
- Размена на искуства и мотивација на учесниците да ги применуваат стекнатите вештини и знаења во својот секојдневен живот како навреме биде препознаен булингот и спречена насилна комуникација кај младите.
Оваа работилница е дисеминација на знаењата по следената обука на родителите: Јасмина Мишиќ, Биљана Васиљевска и Ивица Арсиќ во Здружение “Доверба” Куманово на тема: Ненасилна комуникација и почитување на разлики во рамки на проектот “Со почит и разбирање”.