Home » Почетна
Почетна
Почеток на учебна година
Почитувани ученици и родители, учебната 2026/2027 година започнува на 01.09.2026 година, вторник. За учениците од прва и трета година наставата ќе започне во 7:15 ч, а за учениците од втора и четврта година, во 13:15ч. (more…)
Одржана регионална обука во Куманово за стручната служба
Нашата стручна служба, претставена од дефектологот и психологот на училиштето, учествуваше на тридневната регионална обука која се одржа во Куманово, во периодот 17–19 август. (more…)
Ранг-листи од второ пријавување во првиот уписен рок во ОСТУ „Наце Буѓони”
Ранг-листата на примени ученици во I (прва) година во учебната 2026/2027 година за: (more…)
СООПШТЕНИЕ за сите запишани ученици во I година
Сите ученици кои ќе бидат запишани во I година 2026/2027 година и ќе користат бесплатен превоз потребно е да поднесат изјава и барање во стручна служба во училиштето најдоцна до 26.06.2026г. Истите може да се подигнат во училиштето.
,,Наце Буѓони” со 6 пласмани на државно првенство во Атлетика
Вчера, 15.04.2026г бевме сведоци на уште едно возбудливо коло од Општинска лига во Атлетика, кое се одржа во преубавиот амбиент на Атлетска патека ,,Соколана “.
Нови 6 пласмани на државно првенство. (more…)
Одбележан ,,Денот на здравјето”
По повод 7ми Април – Денот на здравјето, денес успешно реализиравме акција во Соколански парк.
Учениците од здравствената струка – идни медицински сестри, во соработка со Здружението на дијабетичари, вршеа мерење на крвен притисок и шеќер во крвта кај нашите сограѓани. (more…)
Завршна манифестација на ликовниот и литературен конкурс „Глас без граници“
На 23 март во Младинскиот Центар MultiКулти – Куманово се одржа завршна манифестација на ликовниот и литературен конкурс „Глас без граници“, распишан по повод Светскиот ден на поезијата. (more…)
Прво коло од општинско првенство во Атлетика
На 31.03.2026 (вторник) на Атлетска патека Соколана во склоп на нашето училиште се оддржа Прво коло од општинско првенство во Атлетика од вкупно три.
Со голем натпреварувачки дух настапија нашите ученици – атлетичари освојувајќи 5 места на подиум. (more…)
Едукативна посета на деца од градинка во нашето училиште
Во рамки на соработката помеѓу ЈОУДГ „Ангел Шајче“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, децата од големите групи од објект „Пчелка“ на 27.02.2026г. реализираа едукативна посета на нашето училиште, каде имаа можност одблиску да се запознаат со различни образовни профили и идни професии. (more…)






