На 3-ти декември, Денот на лица со интелектуална попреченост, учениците од ,,Наце Буѓони” беа во посета на дневниот центар за престој на лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“ и имаа работилница и дружење со корисниците на дневниот центар.
По повод долгогодишната соработка меѓу нашето училиште и „Порака наша“, професорите и Директорот Драган Јаневски беа поканети и на одбележување на 12 години од постоење на дневниот центар на 6-ти декември.
Соработката со „Порака наша“ продолжува и ќе биде проследена со низа активности.