Home » Почетна » Донација на софистицирана опрема во рамките на проектот “Паметно учење: Интегрирање на роботиката во стручното образование”финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје

Донација на софистицирана опрема во рамките на проектот “Паметно учење: Интегрирање на роботиката во стручното образование”финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје

ELdZ_Maz_rgb_maz

Нашето училиште, ОСТУ ,,Наце Буѓони” Куманово, неодамна ја прими донацијата на компјутерско-роботската опрема која ќе се користи за иновативно и паметно учење и развивање на стручните вештини на учениците. Опремата се состои од две автоматизирани роботски раце со 4 оски на движење. Тие може да извршуваат широк спектар на задачи како што се 3D печатење, ласерско гравирање, калиграфија и цртање, поместување на предмети со помош на вакумска капа за вшмукување, како и рака за фаќање и поместување на разни предмети. Роботските раце се достапни за спроведување лабораториски проекти и наставни програми за повеќе стручни предмети во училиштето.

Донацијата ќе овозможи учениците од сите струки во училиштето, и од македонски и од албански наставен јазик, да се запознаат со една навистина современа технологија, знаеќи дека роботските раце се повеќе се користат во сите сектори во индустријата, па и медицината.

Учениците заедно со наставниците ќе може да развиваат различни сценарија за примена на роботските раце преку употреба на програмски софтвер и хардверски додатоци, со што се надеваме дека ќе успееме да придонесеме и образуваме соодветен и современо обучен кадар.

Донацијата е во рамките на малиот проект “Паметно учење: Интегрирање на роботиката во стручното образование”, спроведуван од Легатус – Центарот за истражувања и анализи.

Проектот е финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје – German Embassy Skopje.