Home » Активности » „Еко-училиште“

„Еко-училиште“

Програмата ,,Еко-училиште” е еден од проектите на едукативната програма ,,Немаме резервна планета” и има за цел стекнатото знаење на темата животна средина да се примени и во пракса. Преку оваа програма ќе се подигне свеста на учениците, наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на темата заштита на животната средина, а со тоа ќе се овозможи теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот. Нашето училиште, ОСТУ ,,Наце Буѓони” е еко-училиште од учебната 2011/2012 година.

Има формирано еко-одбор кој ја анализира состојбата на животната средина и изработува план на активности и еко-кодекс, а заштитата на животната средина е поврзана со редовната настава.
Превземете го планот за следење на еко-стандарди

clip_image002

clip_image001