На 21.09.2015 година во нашето училиште „Наце Буѓони“, 134 средношколци полагаа за добивање на американска стипендија од програмата „Yes“ и една година престој во Америка. Тестирање за оваа стипендија се изврши во четири центри во државата и тоа во Скопје, Куманово, Штип и Струга.
Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од Кратово, Кавадарци, Македонска Каменица и други градови. Полагањето го организираше невладината организација Американски совети, а за 6 месеци ќе се знае кои ученици биле најдобри и во август ќе заминат во Америка. Учениците кои ќе добијат стипендија ќе бидат сместени во домаќин-семејства. Како што тука учениците поминуваат три ригорозни тестирања, така и фамилиите се проверуваат и поминуваат низ различни тестирања, проверки затоа што мора се да биде безбедно.