Минатиот викенд, од 13ти до 15ти февруари, ученички од нашето училиште учествуваа на сајбер кампот во Охрид, заедно со професорите Магдалена Трајановиќ и Марјан Спасиќ. На кампот учествуваа над 150 ученички од 9 училишта во државата. Тие споделуваа искуства и успешни сајбер-приказни на теми „Припаѓаме во сајбер-безбедноста“, „Учење преку работа“ и „Сајбер за добро“. Младите жени и девојки покажуваат сѐ поголема свесност за значењето на сајбер-безбедноста имаат зголемена самодоверба, вештини и мрежи за поддршка и се чувствуваат сигурни и инспирирани да изберат кариера во оваа област.
Проектот е финансиран од Британската амбасада, а се реализира во партнерство со Британскиот совет и министерствата за образование и дигитална трансформација и нашето училиште беше изберено како едно од училиштата каде ќе функционира сајбер клуб.





