На 5 мај започна Меѓународната недела на медицинските сестри – недела посветена на највредниот здравствен персонал, првиот, постојаниот и последниот контакт со пациентите, и темелот на здравствената нега.
По тој повод, оваа недела нашите ученици од трета и четврта година при здравствената струка држеа предавања на деветтоодделенците од основите училишта.
Предавањата беа за сексуално здравје и контрацепција, кои ги охрабрија младите да прават здрави и правилни избори како растат, да научат нешто ново, и да научат дека е во ред да се зборува за вакви теми со цел да се спречи несакана бременост, како и ширење на сексуално преносливи болести.
Годинава, мотото за Меѓународната недела на медицински сестри е „Моќта на медицинските сестри“. 12 мај, роденденот на првата медицинска сестра Флоренс Најтингел и Денот на медицинските сестри, ќе се прослави под мотото „Нашите медицински сестри. Нашата иднина“.
Изразуваме почит кон медицинските сестри и медицинските техничари, и им се заблагодаруваме за посветеноста кон нашата здравствена добросостојба. Ги охрабруваме нашите ученици од здравствената струка да продолжат со учењата на Флоренс Најтингел во нивната хумана струка! 🤍