Денес, по повод активности кои се одвиваат за патрониот празник на училиштето нашите ученици од македонски и албански паралелки одиграа пријателски натпревар во одбојка.
На натпреварот учествуваа женска и машка екипа и на истите им беа доделени благодарници за учество на натпреварот. Учениците беа предводени од професорите по спорт Нуртене Ќерими, Андреј Божиновски и Фидан Арсовски, одговорни за Ученичка заедница Жаклина Јанакиевска и Емилија Јакимовска.