Home » Активности » ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои едно прво и две втори места на Државниот натпревар на електро, машински и сообраќајни училишта

ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои едно прво и две втори места на Државниот натпревар на електро, машински и сообраќајни училишта

IMG-77c6f35fbef7b809c5bfe73150cc0655-V

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 6 мај по 39-ти пат во ССОУ  “Коле Неделковски” – Велес, нашето училиште постигна извонредни резултати.

На натпреварот учествуваа стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :

Дејвид Трифуноски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар  енергетичар)
Ментор: Александер Цветков

Вељко Аџиќ – II место во теоретско знаење од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Јелена Поп Глигорова, Марија Крстевска, Биљана Стојковиќ Спасовска

Слободан Миливоевиќ- II место во теоретско знаење од машинска струка (Машинско -енергетски техничар)
Ментор: Предраг Додиќ, Слаѓан Ѓорѓевиќ

Ива Трајковска- Пофалница во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Катерина Ѓорѓиевска, Дафина Митковска, Жаклина Тошиќ

Како и секоја година така и оваа се покажа дека заслужено го носиме епитетот на едно од најдобрите средни стручни училишта во РСМ.  Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде  учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.