Home » Активности » Посета на ПМФ по повод ГОДИНАТА НА СВЕТЛИНАТА

Посета на ПМФ по повод ГОДИНАТА НА СВЕТЛИНАТА

Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово по повод Меѓународната Година на Светлината и технолоогии базирани на светлина, присуствуваа на настан ,,The light fantastic“, организиран на Природно математичкиот факултет во Скопје. Настанот беше со цел доближување на фантастичната природа на светлината преку спектакуларни експерименти и демонстрации.

Меѓународната Година на Светлината – 2015 е прогласена со усвојување на резолуцијата од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации во мај 2013 и претставува меѓудисциплинарен едукативен проект, со повеќе од 100 партнери од над 85 земји.