На 11.04.2024год.нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово и Mашински факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот беше потпишан од доц.д-р Сара Сребренкоска, декан на Машински факултет и Драган Јаневски, директор на ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово.
Меморандумот има за цел да го подобри образованието и вештините на младиот кадар од областа на машинството. Целите на меморандумот вклучуваат организирање и заедничко учество на научни и професионални состаноци, конференции, вклучнување на средношколците и наставниците во активностите на Машинскиот факултет поврзани со подготовка и реализација на различни видови на работилници и обуки, професионална пракса и меѓународни проекти. Дополнително ќе се продлабочува соработката и со различни субјекти во реалниот сектор кои делуваат во областа на машинството.
Меморандумот им овозможува на средношколците пристап до програмите и можностите кои ги нуди Машинскиот факултет, овозможувајќи им да продолжат со академско образование на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип.