Home » Активности » ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – Светот низ музиката

ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – Светот низ музиката

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во четврток,16 октомври нашето училиште беше домаќин на учениците и нивните ментори од партнер училиштето ,,Коле Неделковски” од Велес. Тие заедно со нашите ученици успешно реализираа уште една активност, овој пат од областа на музичката уметност.

Преку презентација ги запознаа присутните со сите видови музика, нивните карактеристики и изведувачи. Потоа ,поединечно ги интерпретираа подготвените композиции што предизвика вистинско воодушевување кај публиката. Секако, најубавиот дел беше кога сите заедно изведуваа композиции и се забавуваа. Следеше кратка прошетка низ градот, дружење и меѓусебно запознавање.