Home » Почетна » Прослава на Бадник во рамките на проектот „Безбедни училишта“

Прослава на Бадник во рамките на проектот „Безбедни училишта“

Во нашето училиште „Наце Буѓони“ оваа година се одржа традиционалната прослава на Бадник во рамките на проектот „Безбедни училишта“. Прославата е во рамки на проектот кој од 2012 година се реализира од СВР Куманово и ОБСЕ во соработка со локалната самоуправа. На прославата имаше претставници од тимовите за безбедност од МВР, ученици, наставници, многу гости од локалната самоуправа на градот и од другите училишта.

Овој голем христијански прзник се одбележа со празничната трпеза подготвена од домаќините, а не изостана и делење на погача со паричка.

Сите присутни беа поздравени од директорката Лидија Михајловска која ја поздрави идејата за ваквото заедничко прославување на верските празници на Македонците, Србите, Албанците, Ромите и даде поттик за нејзино понатамошно продолжување.

ОСТУ „Наце Буѓони“по втор пат е домаќин на прославата од почетокот на проектот.