Home » Активности » Реализирана мултикултурна работилница „Изработка на геометриски фигури и геометриски тела“

Реализирана мултикултурна работилница „Изработка на геометриски фигури и геометриски тела“

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 27.11.2024 год. (среда) учениците од двете партнер училишта ОСТУ„ Наце Буѓони “ од Куманово и ДСУ РЦСОО„ Коле Неделковски “ од Велес реализираа мултикултурна работилница „Изработка на геометриски фигури и геометриски тела“. Во рамки на настанот учествуваа 28 ученици и 12 наставници. На работилница учениците имаа кратка презентација за геометриски тела и нивното добивање на 3Д принтер, предавање од одговорниот наставник и имаа можност да видат како работи 3Д принтерот. Цел на оваа активност е да се подобрат меѓуетничките односи преку заедничките активности во етнички мешани групи . Учениците да комуницираат едни со други и на тој начин да се обезбеди неопходниот контакт при што ќе го продлабочат своето знаење од областа на математиката, од областа на машинската струка и практично да го применат своето знаење. По завршувањето на активноста учениците од двете партнер училишта заедно со своите наставници прошетаа по сокаците во Велес и ја посетија спомен куќата на Кочо Рацин.