Home » Uncategorized » Реализирана работилница на тема „СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС“

Реализирана работилница на тема „СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС“

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на 23.05.2024 год. во градскиот парк во Скопје беше реализирана работилница на тема: „СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС“.

Учесници беа 28 ученици од мешан етнички состав и 12 претставници на стручна служба и наставници од двете парнер училишта ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово и ССОУ “Коле Неделковски” Велес.

Психологот Дивна Јанкова од ОСТУ “Наце Буѓони” ја припреми работилницата во која преку интерактивен пристап беа обработени теми: Што е Стрес? Како се чувствуваме во стресна состојба ? и Како да се надмине стрес? Учениците со голем интерес ги споделија своите сознанија, а имаа и кратка едукативна сесија на оваа значајна тема за нив .

Учесниците ја посетија и Старата скопска чаршија.