Во изминатите два месеци нашето училиште беше дел од проектот CybHer, посветен на подигање на свеста за сајбер булинг кај девојчињата, реализиран со поддршка од British Council. Во проектот активно се вклучија 15 ученички, кои со голема мотивираност и посветеност учествуваа во сите активности на сајбер клубот.
Горди сме што нашето училиште е едно од само 10 училишта во државата кои имаат формирано клубови за сајбер безбедност.
Во сајбер клубот учество земаа:
Лана Аџиќ, Елеонора Милосевска, Ева Јовановиќ, Каролина Милосевска, Леона Николовска, Марија Јовановска, Марија Нацевска, Мила Димитријевска, Мила Петровска, Николина Кипријановска, Симона Милановска, Ева Јакимовска, Елеонора Димитријевска, Јана Марковска и Лина Стојановска.
Во рамките на проектот се одржаа повеќе интерактивни работилници, на кои девојчињата активно учествуваа преку дискусии, задачи, тимска работа и практични активности. Преку ваквиот ангажман, тие стекнаа подлабоко разбирање за:
• што претставува сајбер булинг и како да се препознае,
• како безбедно да се однесуваат онлајн,
• како да реагираат и кому да се обратат,
• и кои кариерни можности ги нуди областа на сајбер безбедноста.
Работилниците беа водени од професорот Марјан Спасиќ и кариерниот советник Магдалена Трајановиќ, кои со својата поддршка и насоки им помогнаа на ученичките да станат посвесни, поодлучни и посигурни во дигиталниот свет.
Во месец февруари, сите учеснички ќе го претставуваат нашето училиште на државниот камп за сајбер клубови, кој ќе се одржи во Охрид.





