Home » Активности » Розов октомври – месец на подигање на свеста за ракот на дојка 

Розов октомври – месец на подигање на свеста за ракот на дојка 

Вчера, 21.10.2025год. учениците од четврта година кои изведуваат практична настава во ЈЗУ Општа болница Куманово, во соработка со персоналот од Гинеколошко одделение, реализираа активности посветени на подигнување на свеста и едукација за важноста на превенцијата и раното откривање на карциномот на дојка.

Карциномот на дојка претставува еден од најчестите и најсериозни здравствени предизвици кај жените. Сè почесто се појавува и кај помлада возраст, што уште еднаш ја потврдува потребата од редовни самопрегледи, лекарски контроли и здрав животен стил.

Раното откривање спасува животи!