Home » Активности » Успешно продолжува реализација на проектот ,,Технологија за тебе” со Логинг Електроникс и ФЕИТ Скопје

Успешно продолжува реализација на проектот ,,Технологија за тебе” со Логинг Електроникс и ФЕИТ Скопје

received_837915105122187

Меморандумот за соработка меѓу ОСТУ,,Наце Буѓони” и Логинг Електроникс продолжува успешно да се реализира и оваа година.Учениците од електротехничка струка, насока Електротехничар за КТА  добија нова донација на микропроцесорски системи и додатоци, базирни на ARDUINO UNO и ARDUINO NANO платформите.
Оваа донација следува после низа активности организирани меѓусебно со едукативни работилници и изработени проекти како дел од проектот ,,Технологија за тебе” меѓу нашето училиште, Логинг Електроникс и Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје, а  е од особено значење за квалитетот на образовниот процес.