Вчера, во Занаетчискиот дом се одржа културно-уметничка манифестација во чест на големиот просветител Свети Климент Охридски – заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква, писател, учител и основач на Охридската книжевна школа.
Присутните имаа можност да проследат краткометражен документарен филм за ликот и делото на Св. Климент, литературно читање на поетски творби и извадоци од познати дела, како и да разгледаат изложбена поставка на книги обезбедени од градската библиотека.
Учество земаа ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ и ОСТУ „Наце Буѓони“.
Учествуваа следниве наши ученици-Дарија Трендафиловска и Андријана Јакимовски од трето 9 и Петар Димитриевски од трето 5, кои читаа творби посветени на Климент Охридски, а особено внимание привлече интерпретацијата на песната „Ни кадифе, ни смола“, дело на ученичката Дарија Трендафиловска.
Настанот беше организиран од Фондацијата за култура и спорт – Куманово, под покровителство на Општина Куманово, во соработка со ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“.





