Учениците од нашето училиште „Наце Буѓони“ учествуваа во емисија на Радио Бум, која следуваше после неколку одржани работилници на истата тема „За подобро ментално здравје“ .
Емисијата беше за борбата против лажните вести, нивното влијание врз менталното здравје на младите, која е дел од проектот „За подобро ментално здравје“ кој го реализира Здружението „Доверба“ Куманово, а е во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“- Справување со лажни вести кој го спроведуваат Македонски институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности во Лондон, со финансиска подршка од Европска Унија.
Учениците од втора година, Дамјан Златановски и Михаил Димитриевски од ОСТУ “Наце Буѓони” и Кристина Трајковска од СОУ”Перо Наков” , истражуваа и посочија примери за апликацијата Instagram и тоа како се шири омраза, како се злоупотребуваат фотографии за креирање лажни вести кои се шират на светски и македонски портали, неретко и традиционални медиуми. Учениците зборуваа за тоа како да се заштитат младите од лажните вести, како да не останат неми набљудувачи на она што се пласира во медиумите, како лажните вести влијаат врз развојот на младата личност која е кревка и како со свои активности да пријават и спречат ширење на лажни вести.
Целата емисија може да ја слушнете тука.