Home » Активности » Ученици од нашето училиште го одбележаа ,,Денот на ретките болести”

Ученици од нашето училиште го одбележаа ,,Денот на ретките болести”

По повод 28ми февруари ,,Ден на ретките болести”  учениците од здравствена струка од прва и трета година  оддржаа креативни активности и едукативни дискусии, со цел подигање на  свеста и   порака дека секој заслужува поддршка.
Учениците ги посетија сите основни училишта  во нашиот град ООУ ,,Браќа Миладиноци”,ООУ ,,Крсте Мисирков”,ООУ ,,Толи Зордумис”,ООУ ,,Вук Караџиќ”,ООУ ,,11Октомври”,ООУ ,,Магдалена Антова” и ООУ,,Кочо Рацин” и ООУ ,,Христијан Карпош” и преку КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА со основците  изработуваа хамери на тема ретки болести.
Преку овие хамери, го изразуваме гласот на оние што ретко се слушаат, испраќаме поттик за прифаќање, разбирање и ширење љубов кон оние кои живеат со ретките болести.
Ретките болести можеби се ретки, но емпатијата и солидарноста не треба да бидат,а наша должност како идни медицински сестри е токму тоа!
Реткоста инспирира
Остави траг🖐🙋‍♀️
🩷🧡💙💚💜