На 24.04.2019г. учениците од нашето училиште од III – та година во образовниот профил електротехничар – енергетичар беа во посета на “Изложбениот центар Матка” кој е во сопственост на компанијата “ ЕВН – Македонија”.
Учениците имаа можност да видат реални генератори, да се запознаат со улогата и работата на контролната соба, односно да го разберат начинот на функционирање на една реална хидроцентрала. Исто така, преку низа експонати ги продлабочија и своите знаења за обновливи извори на енергија, за патот на електричната енергија од место на производство до нашите домови, а добија и многу корисни совети од аспект на енергетска ефикасност и рационално искористување на електрична енергија.
Не недостигаше ни забава. Учениците сами генерираа енергија, правеа експерименти за бежичен пренос на електрична енергија и имаа можност да ги видат реакциите на хидроцентралата во услови на хаварија.