Home » Активности » Посета на дом за стари лица ,,Зафир Сајто”

Посета на дом за стари лица ,,Зафир Сајто”

Учениците од здравствената струка од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово го посетија домот за стари лица  ,,Зафир Сајто”, каде на пензионерите им беше презентиран едукативен материјал подготвен од страна учениците заедно со нивните професори по практична настава. Тема на презентираниот материјал беше хипертензија и хипергликемија(симптони и начини за превенција).

IMG_2033

При оваа посета, освен едукативниот дел, учениците од здравствената струка извршија мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на старите лица. Со оваа тие дадоа свој придонес за рано дијагностицирање на овие заболувања и навремено интервенирање.

IMG_2042 IMG_2045