На 22 и 23 април 2016 година ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” учествуваа на десета по ред манифестација ,,Образовно рандеву” која се одржа во СЕТУГС ,,Михајло Пупин”- Скопје.
Ученици кои земаа учество по категории се: Ана Љубиќ – најдобра поетска творба, Марио Јовановски – најдобра веб страна, Александар Јовановски – најдобра фотографија и Милош Мирковски – најдобар штанд.
Манифестацијата ,,Образовно рандеву” организирана од МАССУМ со подршка на УСАИД, МОН и бизнис партнерите се одржува од 2006 година традиционално секоја година. Целта на оваа манифестација е да се усовршат вештините и знаењата на учениците.