На први ноември во 11ч.нашето училиште беше домаќин на завршната манифестација во рамки на проектот,, Куманово во срцето” во организација на библиотеката ,, Тане Георгиевски”.
За таа цел нашите ученици: Дарија Трендафиловска,Евгениј Свилар,Илина Илиевска,Софија Цветковска,Тина Краљевска,Сара Даниловска,Марија Нацевска и Каролина Милишевска под менторство на професорките:Лидија Цветкова,Оливера Лазаревска и Сузана Мацура изработија видео под наслов,, 80 години слободно Куманово- Куманово некогаш и сега” и го презентираа пред присутните гости.Во склоп на проектот библиотеката распиша награден литературен конкурс на тема,, Куманово во срцето” на кој учествуваа голем број наши ученици. Дарија Трендафиловска од ll9клас освои втора награда- ментор Лидија Цветкова. Ученичките: Андријана Јакимовски,Викторија Стојановска,Дора Стојковска,Клара Љубеновска,Тамара Јосевска и Мартина Стојановска под менторсто на Лидија Цветкова,Оливера Лазаревска,Катерина Пешевска и Габриела Стојмановска добија благодарници за учество.
Директорката на библиотеката Христина Алексовска во своето обраќање пред преполната Наставничка канцеларија изрази огромна благодарност за успешното учество во проектот и големиот,значаен придонес на нашите ученици и ментори во истиот.Секако,и за срдечното гостопримство со желба за понатамошна соработка.