Home » Активности » Одбележана ,,Неделата на стари лица”

Одбележана ,,Неделата на стари лица”

Како и секоја година така и оваа по повод  ,,Недела на стари лица”,18-24 ноември, нашите ученици ги посетија корисниците во Дом за стари лица Зафир Сајто Куманово, со кои имаме склучено меморандум за соработка, каде учениците обавуваат дел од својата практична настава и учење преку работа кај работодавец.Учениците им поделија честитки ,кои ги изработија самите ,на корисниците на домот, под мотото “Да се грижиме за оние кои некогаш се грижеле за нас, е една од највисоките привилегии”.
Беа презентирани презентации кои ги изработија самите ученици со теми за хипертензија,шеќерна болест,покачен холестерол и деменција,а потоа им беше измерен крвен притисок на корисниците и учениците со дискусија им објаснуваа за превенција и лекување.

Целта на активноста е дружбата со стари лица и насочување на вниманието на нивните потреби и права.