Home » Активности » Прво место на Општински натпревар по Прва Помош

Прво место на Општински натпревар по Прва Помош

Messenger_creation_94D70088-BBAD-4F5D-B078-ED28AA989E81На 30.04.2025 во Градскиот парк кај автобуската станица се одржа Општинскиот натпревар по Прва Помош, организиран од страна на ООЦК Куманово. На натпреварот учествуваа 14 екипи, поделени во две категории: младина и подмладок. Темата на овогодишниот натпревар е „Прва помош во училишна средина“. Најразни инциденти можат да се случат на училиште. Многу е важно да знаеме како да дејствуваме во вакви ситуации, кои понекогаш знаат да бидат животозагрозувачки. Првата помош може да спаси живот.

Нашите ученици од втора и трета година во здравствената струка го освоија првото место заедно со ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“.

Во екипата на натпреварот учествуваа: тим лидерот Ива Марија Несторовска, Дарија Трендафиловска, Теодор Трајановиќ, Александра Димитријевиќ, Мила Ивановска и Меланија Лазаревска, а беа обучувани од страна Теа Јанковска.

ОСТУ „Наце Буѓони“ продолжува со успесите! Честитки до нашите ученици!