По повод Недела на стари лица, учениците од трета и четврта година од здравствената струка беа на посета во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Учениците од четврта година презентираа за превенција и справување со најчестите заболувања кај постарата популација.
Учениците од трета година учествуваа во мерење на крвен притисок и гликемија, и даваа топли препораки и понатамошни совети.
Со Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” Куманово, нашето училиште има склучено меморандум за соработка, каде учениците обавуваат дел од својата практична настава и учење преку работа кај работодавец.
Учениците им поделија честитки кои ги изработија самите на корисниците на домот, под мотото “Да се грижиме за оние кои некогаш се грижеле за нас, е една од највисоките привилегии”
Целта на активноста е дружбата со стари лица и насочување на вниманието на нивните потреби и права.
Ние продолжуваме со грижа и нега на оние кои еднаш се грижеле за нас.





