Home » Uncategorized » Одбележан ,,Светскиот ден на бубрегот”

Одбележан ,,Светскиот ден на бубрегот”

Messenger_creation_917275A6-B47C-4139-873D-E4FF9E5FE302Под мотото ,,Здрави бубрези за сите-се грижиме за луѓето,ја заштитуваме планетата,, денеска 12 март го одбележуваме Светскиот ден на бубрегот. Оваа година е јубилејна ,20 години од иницијативата за подигање на свеста за здравје на бубрезите. 

Ученици од трета и четврта година од здравствената струка  го посетија Диаверум и добија стручен одговор од тимот  лекари Др.Иван Крстевски и Др.Марија Тодоровска,поранешни успешни ученици од нашето училиште.Голема благодарност и до тимот медицински сестри на Диаверум кои  зборуваа за улогата на медицинската сестра при нега на овие пациенти, Тања Георгиевска,Драгана Симоновиќ,Елена Ристевска.Во Диаверум секогаш се чуствуваме добредојдени благодарение на Фросина Ефремовска и Магдалена Величковска.

✅ Најсовремените методи за третман на бубрежни заболувања.

✅ Важноста на екологијата и нејзиното влијание врз здравјето на пациентите.

✅ Хуманата страна на нашата идна професија,беа дел од дискусијата која се одвиваше.

Раното препознавање е клучот! Како идни медицински лица, наша мисија е да ја подигнеме свеста за превенција и здрави навики.