На 31.03.2026 (вторник) на Атлетска патека Соколана во склоп на нашето училиште се оддржа Прво коло од општинско првенство во Атлетика од вкупно три.
Со голем натпреварувачки дух настапија нашите ученици – атлетичари освојувајќи 5 места на подиум.
Трка на 1000м машки во соло трка нашиот ученик се пласира на Државно првенство!
🥇место Ведран Николовски I-5 клас
🥉место Немања Стошевски II-5 клас
Трка на 800м женски и пласман на Државно:
🥈место Јована Трајковска II-8 клас
Фрлање ѓуле машки:
🥈место и пласман на Државно – Дарко Радовановски IV-6 клас
🥉место Антонио Стевковски III-1 клас
Честитки до сите наши ученици кои настапија денес, го дадоа максимумот од себе, постигнувајки солидни резултати. Физички активна младина има здрава иднина. Честитки и за другите средни училишта кои се натпреваруваа.





