Home » Струки » Здравствена » 🧠 Грижата за менталното здравје е наша заедничка мисија!

🧠 Грижата за менталното здравје е наша заедничка мисија!

1000614748

Учениците од нашето училиште оваа недела имаа еден куп фантастични активности, а никако не го изоставија ниту 10 Октомври – Светскиот ден на менталното здравје! 🌿

Под организација и менторство на професорките Магдалена Трајановиќ и Ангела Крњулац Величковиќ, заедно со училишниот психолог Весна Анѓеловиќ, нашите ученици од Здравствената струка преку креативна работилница, интерактивна дискусија и инспиративни пораки изработени од ученичките, ја истакнаа важноста на емоционалната добросостојба. Работилницата беше наменета за учениците од сите три струки во нашето училиште.
🤝📚
🎯 Што научивме и споделивме оваа недела?
💬 Разговорот е лек: Не ги чувајте чувствата за себе – споделувањето ја намалува тежината.
🌿 Мали паузи за голем мир: Грижата за умот започнува со одмор, сон и позитивни мисли.
🫂 Емпатија на дело: Еден топол збор или прашањето „Како си денес?“ може на некого да му го разубави денот!
1000614750  1000614749
Да поттикнеме разбирање, емпатија и отворен разговор, бидејќи грижата за менталното здравје е грижа за животот✨