Home » Articles posted by Jelena Dimovska (Page 12)

Author Archives: Jelena Dimovska

Ученици од ,,Наце Буѓони” го одбележаа ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО со посета на домот за стари лица

56716193_404198697074930_114463481188581376_n

Денот на здравјето, 7 Април, учениците од здравствената струка во нашето училиште традиционално го одбележаа со посета на Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” со презентација на презентации направени од учениците од четврта година и мерење на крвен притисок. Учениците беа под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ, Мартина Богатиновска и Катерина Арсовска Димиќ. (more…)

Распоред за полагање на вонредни испити во априлска испитна сесија

Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.

Ученик од Наце Буѓони дел од најдобрите 5 тима на Robomac Junior

54520155_289578845250997_9120550730241933312_n

Во склоп на овогодишниот натпревар RoboMac кој се одржува по 10-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје за првпат се одржа и натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 40 ученици од средните училишта од нашата држава.

На натпреварот кој траеше од 20 до 22 март учество зема и ученик од нашето училиште, Кирил Мишевски, кој е ученик во четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Тимот на нашиот ученик успеа да се пласира во првите 5 најдобри тима на натпреварот. (more…)

Распоред за полагање на вонредни испити во мартовска испитна сесија

Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.

Годишна завршна сметка за 2018 година

Во прилог ја доставуваме Годишната завршна сметка за 2018 година од ОСТУ ,,Наце Буѓони”. (more…)

Распоред за полагање на вонредни испити во февруарска испитна сесија

Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.

СООПШТЕНИЕ  ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ

Утре и задутре, понеделник и вторник (21 и 22.01.2019г.), поради енормната загаденост на воздухот, продолжува зимскиот распуст за учениците.

Наставниот кадар продолжува со работните обврски според утврдената, редовна динамика во училиштето.

,,Наце Буѓони” домаќин на ,,Лидер на струката 2018”

47393064_10214084960297279_8813566323557662720_n

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука во соработка со Министерство за образование и наука на Р.М.  за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Натпреварот се одржа во понеделник, 03. 12. 2018г,  во ОСТУ,,Наце Буѓони” Куманово. (more…)

Денот на лица со интелектуална попреченост одбележен со посета во „Порака наша“

47680342_2230116357264418_694802365621993472_n

На 3-ти декември, Денот на лица со интелектуална попреченост, учениците од ,,Наце Буѓони” беа во посета на  дневниот центар за престој на лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“  и имаа работилница и дружење со корисниците на дневниот центар.

(more…)

Успешно изведена вежба за евакуација во ,,Наце Буѓони”

image-0-02-05-4ae8cde8c207b09cad0ee687eceee541fe02a3ed4c731154f6dcd0b006c01f49-V

На 8. 11. 2018 година во нашето училиште, ОСТУ,,Наце Буѓони”, беше изведена вежба за евакуација. Вежбата беше успешно изведена во двете смени според предвидениот план и програма. Одговорен наставник – Мирка Додевска. (more…)