Home » Активности » Освоени награди на натпреварот ,,Лидер на струка”

Освоени награди на натпреварот ,,Лидер на струка”

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Северна Македонија.
Натпреварот се одржа на 06.12.2017г во Кочани. Нашето училиште го претставуваа два ученика од електротехничката струка и два ученика од машинска струка. За профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика – Стефан Тошиќ, за  профил електротехничар – енергетичар ученикот Даниел Јовановски, за профил техничар за компјутерско управување – Србо Николовски и Члирим Мисини.
Сите ученици освоија награди и го потврдија својот квалитет на државно ниво.
Ученикот Стефан Тошиќ освои II– место
Ученикот Србо Николовски освои II– место
Ученикот Даниел Јовановски освои IV– место
Ученикот Члирим Мисини освои IV– место
Оваа година натпреварот се одржа традиционално по шести пат.