Home » Articles posted by Jelena Dimovska (Page 16)

Author Archives: Jelena Dimovska

Најдобрите трудови беа презентирани пред Претседателот на РМ

Ученици и наставници од нашето училиште ,,Наце Буѓони” беа поканети да присуствуваат на прославата по повод јубилеј 70 години на СЗТКМ – Народна техника на Македонија која се одржа во Дом на АРМ во Скопје, на 16 декември 2016 година. (more…)

Ученици од ,,Наце Буѓони” во посета на техничко училиште MOSTEM од Маниса

Во периодот од 13–18.11.2016 учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово беа на посета во техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса. Целта на посетата беше  збратимување на ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово со техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса, Република Турција. Со овие активности се предвидува потесна соработка помеѓу учениците и наставниот кадар од двете училишта со размена на искуства во образовниот процес. (more…)

MAKИНOВA 2016

Минатата недела од 18-ти до 22-ри октомври се одржа 42-ра по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2016, а дел од оваа манифестација зазема и изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2016. На оваа изложба за иновации учествуваа ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” и освоија сребрени и бронзени медали за своите трудови.
(more…)

Се одржа тестирање за YES програмата

На 16.09.2016 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирање на учениците од Куманово за американска стипендија од YES програмата и една година престој во Америка. Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од другите градови од регионот. (more…)

Успеси на учениците од Наце Буѓони за учебна 2015/2016

Се ближи 1ви Септември, првиот училишен ден, со што ќе започне уште една учебна година. Додека и учениците и професорите се подготвуваат за почеток на учебната 2016/17, да се потсетиме на успесите постигнати во претходната учебна 2015/16 на учениците од нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони”, а воедно и да им посакаме уште поголеми успеси.

Постигнати успеси за учебна 2015-2016

Презентација на иновативни проекти на МРТВ

Заради успешните резултати постигнати на учениците од нашето училиште на 52-риот ,,Државен натпревар на младите истражувачи” од Република Македонија, на покана од Народна техника на Македонија, добија можност да учествуваат на МРТВ каде ги претставија своите иновативни проекти  “Сортирачка на монети”- ученик Никола Милановски  и  “CNC машина”- ученик Дамјан Петровски.

(more…)

Tри први места во струката на Државен натпревар

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 6 мај по 35-ти пат во Струмица, нашето училиште постигна извонредни резултати. (more…)