Home » Articles posted by Jelena Dimovska (Page 8)
Author Archives: Jelena Dimovska
Награда за маската „Свемирски брод“
На 25. 02. 2023 год, се одржа главното дефиле на Струмичкиот карневал на кое учениците од средните училишта „Наце Буѓони“ , „Гоце Делчев“, и „Перо Наков“ освоија стимулативна награда од категорија “В“ група од 20 до 30 учесника.
Маската „Свемирски брод“, која ја изработија нашите ученици, остави силен впечаток на годинешниот Струмички карневал. (more…)
Училиштето ,,Наце Буѓони” дел од on-line програма на Erasmus, E – twining
Нашето училиште ,,Наце Буѓони” е дел од on-line програмата на Erasmus, E – twining. Претставници од 16 училишта од 5 држави (Турција, Молдавија, Полска, Романија и Македонија) одржаа online состанок за натамошните активности во кои ќе бидат вклучени по 5 ученика од секое училиште. (more…)
ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НЕДООФОРМЕНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
Во прилогот е огласот за финансирање на дооформувањето на стручното образование. Важи за оние лица кои ги исполнуваат условите дадени во него, а немаат завршено трета година од трет степен или четврта година од четврти степен на образование. Тоа значи дека во ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово можат да го дооформат образованието оваа година како вонредни ученици бесплатно, односно финансирани преку европските ИПА фондови.
Новогодишни честитки изработени од нашите ученици
Ученици од нашето училиште, од машинска струка – клас II1, изработија 3Д честитки. Среќни празници!
ОСТУ,,Наце Буѓони” поставува соларни панели за заштеда на енергија
Во нашето училиште во тек е поставување на соларни панели за сопствено производство на електрична енергија и тоа на централната зграда и на спортската сала.
Германски проект за дуалното образование во ОСТУ,,Наце Буѓони”
Денеска ОСТУ „ Наце Буѓони“ беше домаќин на проектот за вмрежување, организиран од Образовниот центар на баварско стопанство ( bbw gGmbH) од Германија, во соработка со локалниот економско социјален совет, општина Куманово, локалните претпријатија и претставници на советот на родители од училиштето. (more…)
Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите 4 тима на RoboМac Junior 2022
Минатата недела, од 30 ноември до 2 декември 2022 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, по две години пауза, се одржа натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од нашата држава, поделени во 2 категории.
На натпреварот учество земаа две ученички од нашето училиште, Ива Митевска и Нина Додиќ, кои се четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. (more…)