Home » Uncategorized » Одбележан ,,Светскиот ден на бубрезите”

Одбележан ,,Светскиот ден на бубрезите”

Messenger_creation_3dcaccb3-15dd-4cac-a222-39ed176d10e3

Како и секоја година така и оваа Центарот за дијализа Диаверум Куманово во соработка со Општинско Средно Техничко Училиште “Наце Буѓони”- здравствена струка и ЈЗУ Општа болница го одбележа Денот на бубрегот. Кои се причините за развој на бубрежна болест, улога на медицинската сестра при нега на овие пациенти, начин на исхрана и уште многу други прашања на кои присутните добија стручен одговор од тимот на Диаверум.
Светскиот ден на бубрезите се одбележува секоја година, вториот четврток во март. Во 2006 година на почетокот на овој празник, 66 земји го одбележале овој датум. За две години, овој број се искачи на 88. Овој празник има за цел да ја подигне свеста за состојбите на бубрегот. Иако многу од нив се лекуваат, тие се споредна медицинска грижа за поголемото население.